Министерот за земјоделство Љупчо Димовски на 264 земјоделци од Кавадарци, Неготино и Росоман им додели договори за легализација на државното земјоделско земјиште што го користат за одгледување повеќегодишни насади. Станува збор за 400 хектари површина, чија легализација е овозможена со измените на Законот за земјоделско земјиште, донесени во март годинава. Ова е голем исчекор во делот на земјишната аграрна политика што освен легално користење на површините, на производителите ќе им овозможи и земање субвенции од државата што досега не беше случај. Висината на закупот за хектар површина на легализираното земјиште што ќе треба да го плаќаат земјоделците е пет до 25 хектари зависно од локацијата, типот на насадот, дали има систем за наводнување. Доделените договори се од објавените два јавни повика по кои ќе следуваат уште неколку, зашто за легализација има преку 3.000 хектари.
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски на 264 земјоделци од Кавадарци, Неготино и Росоман им додели договори за легализација на државното земјоделско земјиште што го користат за одгледување повеќегодишни насади.
Станува збор за 400 хектари површина, чија легализација е овозможена со измените на Законот за земјоделско земјиште, донесени во март годинава.
- Ова е голем исчекор во делот на земјишната аграрна политика што освен легално користење на површините, на производителите ќе им овозможи и земање субвенции од државата што досега не беше случај - истакна Димовски.
Висината на закупот за хектар површина на легализираното земјиште што ќе треба да го плаќаат земјоделците е пет до 25 хектари зависно од локацијата, типот на насадот, дали има систем за наводнување...
Доделените договори се од објавените два јавни повика по кои ќе следуваат уште неколку, зашто за легализација има преку 3.000 хектари.